
Макс Верстапен се натпреваруваше на невообичаена картинг трка на патеката „Силверстоун“, каде доби задача да тргне од последната 101. позиција и за помалку од 30 круга да ги претекне сите 100 противници.
На патеката се натпреваруваа новинари, актери, инфлуенсери, стримери, инженери и професионални возачи, а по квалификациите беше одредено почетното место на секој натпреварувач.
На самиот почеток, холандскиот ас лесно се справи со најслабите конкуренти, и веднаш по првиот круг, од 101. место стигна до 37. позиција.
До шестиот круг, Верстапен веќе беше меѓу десетте најдобри, а во деветиот круг имаше само тројца противници пред себе – инженерот Луис Ослер, Јутјуберот Зак Олсоп и новинарот Џеки Мартенс.
Тие му пружаа отпор неколку круга, но во 14. круг, Верстапен го престигна и последниот натпреварувач, завршувајќи како победник, за само 35 минути тркање.
Макс Верстапен започна од последната позиција зад 100 други натпреварувачи. За само 35 минути и 14 круга, ги претекна сите и ја презеде водечката позиција. pic.twitter.com/3RFk4keAy8
— Dudes Posting Their W’s (@DudespostingWs) September 17, 2026