Дома Фудбал Костакурта: Модриќ повеќе нема моќ толку да влијае на натпреварот

Костакурта: Модриќ повеќе нема моќ толку да влијае на натпреварот

Алесандро Костакурта, легендарниот дефанзивец на Милан, ја критикуваше играта на тимот по поразот од Бенфика 0:2 во првото коло од Лигата на Европа. Во анализата на натпреварот, истакна дека од одредени играчи очекувал повеќе, пренесува Туттомеркато.

„Разочарувачки. Имавме различни очекувања од некои играчи. Вистина е дека тренерот ги изненади со одлуките, но се надевав дека тие на терен ќе покажат повеќе. Не се сеќавам кога последен пат видов тим кој толку ретко бараше топка во длабочина”, рече Костакурта.

Бившиот дефанзивец се осврна и на одлуката на тренерот Рубен Аморим да не го воведе Лука Модриќ во игра. „Замените што ги направи во тој момент беа логични. Не мислам дека Модриќ би променил нешто. Сметам дека тој моментално нема моќ толку да влијае на натпреварот“, оцени тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Француските власти донесоа строги мерки против навивачите на ПСЖ: Не смеат на дербито!

Француските власти забранија на навивачите на ПСЖ да дојдат на неделното дерби против Olym…