
Флуминенсе стана првиот полуфиналист на Копа Либертадорес, но завршницата на реваншот против Платенсе во Буенос Аирес остана во сенка на конфликтот меѓу двете навивачки групи. Инцидентот се случи откако домашните навивачи украле знаме на приврзаниците на бразилскиот клуб.
Флуминенсе пристигна во Аргентина со голема предност по победата од 2:0 во првиот натпревар, но Платенсе веќе во првото полувреме успеа целосно да ја анулира таа предност.
Маинеро во 30. минута погоди за 1:0, а во втората минута од судиското продолжение на првиот дел Сепулведа постигна втор погодок и ги донесе домашните на чекор до голем пресврт.
Бразилскиот тим одговори во 57. минута. Канобио ја затресе мрежата по асистенција на 40-годишниот Хулк и намали на 2:1. Сепак, по крајниот судиски свиреж фудбалот падна во втор план.
Навивачите на Платенсе го украдоа знамето на гостинските навивачи, што потоа доведе до конфликт меѓу двете навивачки групи.
Погледнете го видеото ОВДЕ.