Дома Фудбал Селекторот на Швајцарија го објави списокот за гостувањето во Скопје

Селекторот на Швајцарија го објави списокот за гостувањето во Скопје

Селекторот на швајцарската фудбалска репрезентација, Мурат Јакин, го објави списокот на играчи на кои ќе смета за претстојните натпревари во Лигата на нациите, меѓу кои е и дуелот со Македонија.

Швајцарците новото издание на Лигата на нациите ќе го започнат токму во Скопје, а Јакин за овој циклус повика исклучително искусен состав.

На списокот се најдоа неколку големи имиња, предводени од капитенот Гранит Џака. Во составот се и Рикардо Родригез, Брил Емболо, Мануел Аканџи, Ремо Фројлер и уште низа квалитетни репрезентативци со големо меѓународно искуство.

Македонија и Швајцарија ќе ги одмерат силите на 26 септември од 20:45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Интересно е што овие две селекции досега никогаш не се сретнале во официјален или пријателски натпревар, па дуелот во Скопје ќе биде прв меѓусебен натпревар во историјата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јунајтед ја совлада Рома, Фернандеш порача: Има уште работа

Победата од 3:2 му донесе радост на Бруно Фернандеш, но играчот за врска предупреди дека М…