Дома Трансфер зона Борусија Дортмунд го купува бекот на Милан

Борусија Дортмунд го купува бекот на Милан

Неколку клуба ова лето покажале сериозен интерес за левиот бек на Милан, Рикардо Родригез, но Швајцарецот сепак избра да остане на „Сан Сиро“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Меѓутоа, Родригез во последно време го загуби местото во стартниот тим од Тео Хернандез и на последните неколку меча се најде на клупата за резерви.

Поради тоа неговиот став сега е променет, па и самиот е спремен да ја промени средината во јануари.

Ситуацијата околу Швајцарецот будно ја следи Борусија Дортмунд, која сака да го врати играчот во Бундеслигата.

Наводно „милионерите“ се спремни да испратат понуда од 18 милиони евра за потписот на Родригез. „Росонерите“ имаат проблеми со Финансискиот фер-плеј, па се спремни да ја прифатат понудата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…