Дома Фудбал Нутриционистот ја откри „тајната“ на Роналдо која ја немаат дури 90 отсто од врвните спортисти

Нутриционистот ја откри „тајната“ на Роналдо која ја немаат дури 90 отсто од врвните спортисти

Кристијано Роналдо, дури и со 41 година, не покажува намера да забави. За неговата физичка подготвеност, начинот на тренирање и исхраната се зборува речиси целата кариера, но спортскиот нутриционист Џони Ондина тврди дека зад неговата долговечност не стои никаква чудотворна намирница ниту специјална диета.

Ондина зборуваше за шпанскиот АС за начинoт на кој португалската ѕвезда се храни, а неговиот менù го опиша како „доста здодевен“.

Роналдо главно се ослонува на едноставни и природни намирници достапни практично за секого. Сепак, според зборовите на нутриционистот, постои нешто што го издвои дури и од голем број врвни спортисти.

Не станува збор за скапи суплементи или револуционерни методи.

„Таајната на исхраната на Кристијано Роналдо е состојка која ја немаат 90 отсто од обичните луѓе или врвните спортисти, а тоа е доследност“, објасни Ондина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тухел: Морам да живеам со лузните од полуфиналето

Томас Тухел се присети на полуфиналето на Светското првенство, каде неговата Англија беше …