Италијанските медиуми пренесуваат дека трансферот на Рикардо Родригез од Милан во Фенербахче пропаднал и дека фудбалерот е на чекор од трансфер во Наполи.
Трансферот на Швајцарецот комплетно беше договорен, дури ги помина и лекарските прегледи во Истанбул, но потоа турската Федерација му забрани на Фенербахче да регистрира нови фудбалери.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сепак, Родригез не сака да остане во Милан и да ја грее клупата, па веќе се договорил со Наполи, каде повторно ќе соработува со Џенаро Гатузо.
Двата клуба се блиску до договор, па Родригез ќе се пресели во Наполи на позајмица до крајот на сезоната, со право на откуп следното лето.