Дома Топ вести Готово – Пропадна трансферот на Кутињо!

Готово – Пропадна трансферот на Кутињо!

Крај на надежите на Барселона за големо засилување, нема ништо ниту од Дибала, ниту од Озил, ниту од Ди Марија, ниту од Лемар, а уште помалку од Фелипе Кутињо…

Најголемата летна сапуница која траеше буквално до последниот момент од преиодниот рок веројатно веќе заврши, Барселона повеќе нема време, заврши трансфер периодод и во Шпанија, каталонците остануваат само со Осман Дембеле како големо засилување после заминувањето на Нејмар.

Барселона упорно се обидуваше, но Ливерпул не попушташе последната понуда беше испратена утрово, но одговорот на „црвените“ не се менуваше. Јирген Клоп цврсто стоеше на својот став од првиот до последниот момент.

На Барселона не и помонга ниту барањето на Кутињо за трансфер кое самиот фудбалер го испрати пред неколку недели, како ниту тоа што Бразилецот не одигра ниту еден натпревар за Ливерпул од почетокот на сезоната.

Па така, шпанскиот гигант со завршувањето на преодниот рок потпиша и капитулација пред новата сезона во која влегуваат значително ослабени после заминувањето на Нејмар.

Без оглед платија огромна сума за младиот Осман Дембеле, Французинот сеуште не е фудбалер од рангот на Нејмар и многу помало име од Дибала, Кутињо, Ди Марија, Озил, Лемар и Гризман, кој беа мета на Барселона во текот на трансфер периодот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Нов тежок удар за Ѓоковиќ: Нема да може да настапи и на Ролан Гарос!

Поранешната министерка за спорт на Франција, Роксана Марачинеау објави дека оваа земја го …