Дома Фудбал Останато Гвардиола не е меѓу номинираните за тренер на годината

Гвардиола не е меѓу номинираните за тренер на годината

Јирген Клоп, Макс Алегри и Ерик тен Хаг се меѓу метмината номинирани за избор на тренер на годината на наградите „Globe Soccer Awards“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Изненадување е што менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола не е меѓу номинираните, иако минатата сезона освои тројна титула во англискиот фудбал.

Селекторот на Алжир, Џамел Белмади е меѓу номинираните откако ја освои титулата во Купот на Африка, а последното тренерско име е Фернандо Сантош, кој со Португалија триумфираше во Лигата на нации.

Номинираните беа изнрани од специјално жири составено од тренери, фудбалери, претседатели на клубови и директори, а како дел од жирито меѓу другите се Фабио Капело, Антонио Конте, Луис Фиго, Ерик Абидал…

Фаворит за наградата е секако Јирген Клоп, кој со Ливерпул се искачи на кровот на Европа, а наградата ќе се доделува на 29-ти декември во Дубаи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Лудило со 10 голови: Англија ја совлада Франција за трето место на СП (Видео)

Англија го освои третото место на Светското првенство по спектакуларната победа од 6-4 про…