Дома Фудбал Италија Газидис: Ибра треба последниот меч да го одигра во Милан

Газидис: Ибра треба последниот меч да го одигра во Милан

Генералниот директор на Милан, Иван Газидис изрази надеж дека Златан Ибрахимовиќ ќе ја заврши кариерата на „Сан Сиро“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


40-годишниот Ибрахимовиќ треба да донесе одлука дали ќе ја продолжи кариерата уште една сезона или во јуни ќе оди во пензија.

„Златан знае дека со секоја измината година треба да го адаптира своето тело за да продолжи да биде важен за тимот и да игра на високо ниво. Се надевам дека кога ќе донесе одлука да се повлече последниот меч ќе ги одигра во Милан. Ние имаме специјална сторија со Ибра. Тој е многу важен за тимот и надвор од теренот“, изјави Газидис.

Пред неколку дена Паоло Малдини изјави дека новиот договор нема да биде проблем и дека Ибрахимовиќ треба да донесе конечна одлука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Керик го врати Јунајтед во ЛШ, а клубот му врати со очајни засилувања – новите премиерлигаши повеќе потрошија!

Манчестер Јунајтед успеа да се врати во Лигата на шампиони откако ја заврши претходната се…