Дома Македонски спорт Мак фудбал ВМФЛ: Гостивар ја изненади Воска и му даде „подарок“ на Вардар!

ВМФЛ: Гостивар ја изненади Воска и му даде „подарок“ на Вардар!

Тимот на Вардар доби голема помош пред утрешниот натпревар со Кораб во Скопје откако денес еден од главните ривали барем за бараж доживеа пораз од Гостивар во десетото коло од Втората лига – Запад.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Воска беше голем фаворит во овој натпревар и се очекуваше да слави во овој дуел. Сепак во Гостивар не мислеа така, единствениот гол на натпреварот беше дело на Рони Синани после еден час игра.

Сега со овој пораз на Воска Вардар има прилика со победа против Кораб утре во Скопје да дојде само до еден бод пред репрезентативната пауза.

Во останатите два натпревари од второлигашката конкуренција Беласица го победи Детонит со 4:1, додека Кит-Го и Победа одиграа 1:1.

Фото: ФК Гостивар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …