Дома Офсајд Венгер сега не би го потпишал легендарниот дефанзивец: Не можеше да шета мирно низ градот

Венгер сега не би го потпишал легендарниот дефанзивец: Не можеше да шета мирно низ градот

Легендарниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер после заминувањето од клубот открива интересни моменти кои се случувале додека го предводеше клубот.

Венгер во Арсенал донесе бројни големи играчи, а во 2001. година пристигна и одличниот Сол Кембел.

Тој пристигна од најголемиот ривал Тотенхем. Преку ноќ стана предавник за навивачите на Спарси и помина тежок период од животот.

„Знаев дека трансферот ќе предизвика бројни реакции во Лондон, но беше играч кој го посакував. За мене беше лесно, бидејќи знаев дека потпишав одличен играч, но за него тоа беше многу непријатно.“ – рече Венгер.

Кембел добивал бројни закани од навивачите на Тотенхем.

„За Сол беше многу стресен период. Не можеше да отиде на вечера на одредени места или да шета слободно во Лондон поради бесот на навивачите на Тотенхем. Сега не знам дали би го потпишал кога знам низ што поминуваше.“ – додаде Венгер.

Кембел во дресот на Арсенал остана до 2006. година, потоа на кратко го облече дресот на тимот во сезона 2009/10, па вкупно за Топџиите запиша 211 настапи и постигна 12 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Офсајд

Проверете

Два натпревари суспензија за Конте поради расправија со судијата

Тренерот на Интер, Антонио Конте денес беше казнет со два натпревари суспензија поради црв…