Дома Трансфер зона Бруно Алвес кариерата ја продолжува во Грција

Бруно Алвес кариерата ја продолжува во Грција

Поранешниот португалски репрезентативец како слободен играч премина во грчки Аполон Смирнис.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


После одличната кариера во Порто, Зенит, Фенербахче, Каљари, Ренџерс и на крајот Парма, 39 годишниот стопер во јули го најави португалската Фамалика каде што требаше да остане две години, но си замине после само три недели.

Сепак, сега има нов клуб. Вечерва ќе пристигне во Грција за да ги одработи лекарските прегледи и да потпише договор со Аполон.

Минатата сезона искусниот дефанзивец со 96 меѓународни настапи запиша 19 натпревари во Серија А како играч на Парма и постигна еден гол.

За Алвес ова нема да биде прв ангажман во Грција затоа што играше за АЕК од Атина од каде што во 2004 година премина во Порто.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…