Дома Фудбал Италија Бонучи го советуваше Влаховиќ

Бонучи го советуваше Влаховиќ

Српскиот фудбалер Душан Влаховиќ во последно време предизвикува различни коментари кога во прашање е неговата форма во Јувентус, а и покрај добриот голгетерски учинок од неговото доаѓање во Торино се уште може да се прочита и по некоја критика.

Уште после првиот натпревар против Верона на почетокот на февруари кога го постигна дебитантскиот гол, Влаховиќ доби забелешки од Алегри што треба да исправи во наредниот период.

Совети до Влаховиќ испрати и искусниот дефанзивец Ленардо Бонучи кој смета дека Србинот треба да биде помалку имплусивен кога ја има топката, но тоа се работи кои се учат со годините.

„Мислам дека Влаховиќ мора да разбере како да се контролира себе кога ја имата топката. Понекогаш влегува во грешки што е и разбирливо имајќи предвид дека е млад и сака да го направи најдоброто за тимот“, изјави Бонучи.

Додаде и дека поранешниот голгетер на Фиорентина на Јувентус му донел ентузијазам и голови, презимајќи на себе одговорност и поради тоа е многу важен за тимот.

„Сите сакаат да победуваат со посед на топка од 70-80%, но понекогаш на резултатот се гледа поинаку. Миксот од тие две работи е најдоброто нешто“, истакна дефанзивецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бензема објави фотографија од авион па веднаш ја избриша

Францускиот напаѓач Карим Бензема се најде во центарот на вниманието поради една објава на…