Дома Топ вести „Бомба“ од Апенините: Интер сака да го врати Кутињо

„Бомба“ од Апенините: Интер сака да го врати Кутињо

Италијанскиот гигант Интер покажува сериозен интерес за Филипе Кутињо, пренесуваат медиумите на Апенините.

27-годишниот Бразилец оваа сезона игра во Баерн Минхен како позајмен фудбалер, но Баварците нема да ја искористат опцијата за негов откуп за 120 милиони евра, па Кутињо ќе се врати во Барселона.

Таквата ситуација сака да ја искористи Интер и да го врати Кутињо на „Џузепе Меаца“. Барселона за потписот на Бразилецот бара 90 милиони евра, па може да дојде до трампа со Лаутаро Мартинез.

Во тој случај тренерот Конте е спремен да ја промени формацијата во  3-4-2-1, така што Ериксен и Кутињо ќе играат позади Лукаку.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карачиќ: Столе е фраер од скопскиот асфалт, еден ден се гледам себе пак во Вардар!

Ракометниот реномиран сајт „Балкан Хендбол“ во овој период прави интервјуа со ракометарите…