Филипе Кутињо сака да ја напушти Астон Вила на крајот на сезоната, а најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Серија А.
Кутињо наскоро ќе наполни 31 година, а има договор со англискиот клуб до 2026 година, но сака да ја промени средината.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Од почетокот на сезоната Кутињо има одиграно 660 милиони за Астон Вила и сака да се пресели во клуб каде ќе има поголема минутажа.
Интерес за него покажуваат Милан и Рома, кои веќе стапиле во контакт со неговиот агент.
Астон Вила го купи Кутињо од Барселона за 20 милиони евра, а е спремна на лето да го пушти за само 10 милиони, сума која италијанските клубови се спремни да ја платат.