Дома Трансфер зона Познати детали за Кутињо – една од најлошите зделки во историјата на Барселона

Познати детали за Кутињо – една од најлошите зделки во историјата на Барселона

Фелипе Кутињо на лето дефинитивно ќе ја напушти Барселона и како што стојат работите Астон Вила ќе го откупи неговиот договор.

Меѓутоа, иако клазулата која е поставена е 40 милиони евра Барселона е спремна на преговоро и според информациите ќе прифати сума од 20 милиони евра. Проблем за Барселона може да биде амортизацијата на трансферот како и големата плата на Кутињо.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Каталонскиот клуб повеќе размислува за негово заминување со што би заштедила 40 милиони евра кои би требало да му ги исплати за плата наредната сезона.

Затоа Барселона е приморана да попушти и да го пушти за пониска цена, па така Кутињо сигурно е една од нивните најлоши зделки во историјата. За него во 2018 година на Ливерпул Барселона му плати 120 милиони евра, плус 40 преку бонуси. После само сезона ипол премина на позајмица во Баерн Минхен, а по враќањето се повреди и не играше скоро цела мината сезона.

Откако во текот на есента добиваше шанса, не се покажа и Барселона го испрати на позајмица. Поради високата плата Барселона гледаше најмногу како да заштеди, па по принцип сличен на Антоан Гризман кој се врати во Атлетико, Кутињо беше позајмен во Астон Вила.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер се засилува со ѕвездата на Интер бесплатно

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо на лето како слободен агент ќе го напушти клубот, а неко…