Дома Фудбал Италија Бастони и Инзаги добија суспензија, Лаутаро парична казна

Бастони и Инзаги добија суспензија, Лаутаро парична казна

Дисциплинската комисија на Италијанската фудбалска федерација денес ги изрече казните после инцидентот на дербито помеѓу Интер и Милан.

После последниот судиски свиреж Лаутаро и Бастони го нападнаа Тео Хернандес и беше отворена дисциплинска постапка против нив.

Бастони доби суспензија од два меча, дододека Лаутаро помина само со парична казна од 10.000 евра.

Суспензија од еден натпревар доби и тренерот на „нероаѕурите“, Симоне Инзаги поради недолично однесување кон судијата после мечот.

Тео Хернандес од Милан доби суспензија од еден натпревар поради црвениот картон и казна од 5.000 евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Италијанците во ЛШ веќе се во проблем: само четири бода по две кола

Интер, Наполи, Рома и Комо имаат слаб старт во новата сезона од Лигата на шампионите, а би…