Дома Фудбал Италија Бака: Имам договор со Милан, но сакам да се вратам во Шпанија

Бака: Имам договор со Милан, но сакам да се вратам во Шпанија

Колумбискиот напаѓач Карлос Бака јавно призна дека сака да се врати во Шпанија, иако има договор со Милан.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бака минатата сезона ја помина на позајмица во Виљареал, но шпанскиот клуб не плати 15 милиони евра за да го откупи неговиот договор.

Бака има договор на уште две години со „росонерите“, но најверојатно ова лето ќе го напушти италијанскиот клуб.

„Се чувствувам одлично во Шпанија и сакам да останам. Имам договор со Милан и чекам информации да видам што ќе се случи. Во следните денови ќе се вратам во Милан и ќе разговарам со клубот да ги слушнам нивните намери“.

„Спремен сум да го испочитувам договорот, но мојата желба е да се вратам во Шпанија. Треба заедно да донесеме одлука, па ќе видиме што ќе се случи. Се му препуштам на Бог“, изјави Бака.

Бака минатата сезона постигна 15 гола за Виљареал, а интерес за него покажуваат неколку кинески и турски клубови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Англија не покажа ништо од спектакуларниот фудбал од првиот натпревар

Откако во првиот натпревар прикажа исклучително спектакуларен и резултатски фудбал, денес …