Дома Фудбал Италија Алегри: Мечот е поважен за Наполи, отколку за нас

Алегри: Мечот е поважен за Наполи, отколку за нас

Утре на програмата во Серија А е големото дерби помеѓу Наполи и Јувентус, кое може да го одреди понатамошниот тек на сезоната.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тренерот на Јувентус, Макс Алегри смета дека овој меч нема да биде одлучувачки во битката за титулата, но е многу поважен за Наполи отколку за неговиот тим.

„Ова не е решавачки меч, но ќе биде многу важен за нив. Наполи е фаворит за титулата, имаат 44 бода и до сега допуштија само еден пораз. Спалети е одличен тренер и сигурно ќе сака да му донесе титула на Наполи, па овој меч ќе биде многу важен за нив“, изјави Алегри.

Тренерот потврди дека Квадрадо, Влаховиќ, Бонучи како и Погба сигурно ќе го пропуштат дербито со Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Рома сака да го позајми Гарначо, Челси му одреди цена

Крилниот играч на Челси Алехандро Гарначо би можел да ја продолжи кариерата во италијанска…