Дома Топ вести Алаба се сели во Серија А: Бира меѓу Милано и Торино

Алаба се сели во Серија А: Бира меѓу Милано и Торино

Иднината на Давид Алаба во Баерн Минхен е несигурна бидејќи договорот на играчот ситекува во 2021 година.

Алаба влезе во последната година од договорот, а се уште нема најави за негово продолжување, па би можел да ја промени средината ова лето.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Баерн не сака да го загуби 27-годишниот Австриец како слободен агент, па затоа сака да го продаде ова лето.

Интерес за Алаба покажуваа Реал Мадрид и Барселона, но германските медиуми тврдат дека сега во трката за неговиот потпис се приклучиле Интер и Јувентус.

Интересот на италијанските клубови е најконкретен и тие веќе стапиле во контакт со неговиот агент, а со оглед дека имаат одлични односи со Баерн се очекува брзо да стигнат до договор.

Алаба е заинтересиран за преселба во Италија, па Сари и Конте ќе водат голема битка за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Познати 24 учесници на Мундијалот за клубови во САД

Веќе се познати сите учесници на новиот формат во кој ќе се игра Светското клупско првенст…