Дома Топ вести Лоша вест за Анчелоти: Се повредија уште двајца важни фудбалери за Реал

Лоша вест за Анчелоти: Се повредија уште двајца важни фудбалери за Реал

Во натпреварот против Лас Палмас на домашен терен, Реал Мадрид дојде до лесна победа од 2:0 во рамките од седмото коло во Ла Лига.

„Кралевите“ скапо ја платија оваа победа бидејќи се повредија Алаба и Рудигер. Лошата вест ја потврди тренерот Карло Анчелоти по натпреварот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Против Жирона Алаба нема да игра, Рудигер исто така доби удар, ќе видиме“, изјави италијанскиот стратег.

Алаба вчера беше заменет уште во првото полувреме, а според поргнозите има проблем со адукторот. Рудигер според најавите брзо би требало да биде спремен за Жирона кој игра одлично. По седум кола Жирона е лидер во Ла Лига.

Од претходно е познато дека Реал Мадрид е без Милитао, Куртоа и Винисиус Жуниор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Се огласи Клоп: Се радувам за клубот ако Слот е решението

Од моментот кога Јирген Клоп со видео порака го шокираше фудбалскиот свет, а осо…