Се најавуваше дека Давид Алаба може оваа есен да се врати во составот на Реал Мадрид, сепак неговата повреда се покажа како посериозна.
Имено, Австриецот освен што ги скинал лигаментите во декември 2023 година ја повредил и рскавицата на коленото, па ќе може да заигра дури на почетокот на следната година.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Поради повредата Алаба го пропушти и настапот на Европското првенство каде што неговата селекција беше елиминирана од Турција во четвртфиналето.
Ова се секако лоши вести за Анчелоти, ако се знае дека Алаба беше еден од столбовите во одбраната.