Дома Останати Тенис Љубов на Вимблдон: Немирниот Кирјос ја „ќарил“ најубавата тенисерка! (ФОТО)

Љубов на Вимблдон: Немирниот Кирјос ја „ќарил“ најубавата тенисерка! (ФОТО)

Интересна информација ни доаѓа од Вимблдон, а ја пренесуваат островските медиуми.

Медиумите пренесуваат дека се родила нова љубов во светот на тенисот и тоа помеѓу контроверзниот Ник Кирјос и канадската убавица Бушард.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Островските медиуми тоа го пишуваат на основа на она што го забележале во текот на вчерашниот меч помеѓу Кирјос и Рафаел Надал. Канадската тенисерка беше во боксот на Кирјос се радуваше на неговите поени и ги бранеше кога сервираше под рака.

Нејзините потези беа сосема доволна причина медиумите да заклучат дека двајцата се во врска.

Инаку, Бушард важи за една од најубавите тенисерки во светот, а во последно време ја запостави тениската кариера и се посвети на други работи. Колку внимание во последно време оваа 25 годишна убавица посветува на тенисот покажува податокот дека се наоѓа на 127-то место на ВТА листата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ повторно разочара и не успеа да стигне до финале

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ испадна во полуфиналето на турнирот во Женева. Ѓо…