Дома Трансфер зона Јунајтед и Челзи во битка за дефанзивецот на Лестер

Јунајтед и Челзи во битка за дефанзивецот на Лестер

Англиските медиуми пренесуваат дека Манчестер Јунајтед и Челзи се силно заинтересирани за дефанзивецот на Лестер, Весли Фофана.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Новиот менаџер на „црвените ѓаволи“, Тен Хаг сака да ја засили одбраната и да доведе партнер за Варан.

Медиумите пренесуваат дека прв на листата жеби е дефанзивецот на Лестер, Весли Фофана. Французинот минатата сезона беше еден од најдобрите во Премиер лигата, но пред почетокот на оваа сезона заработи сериозна повреда на глуждот.

Покрај Јунајтед силен интерес за Французинот покажува и Челзи, кој ова лето треба да донесе најмалку еден врвен дефанзивец.

Лестер нема лесно да се откаже од дефанзивецот за кого плати 35 милиони евра и за неговата слобода бара 80 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…