Дома Трансфер зона Јувентус и Арсенал спремаат трампа

Јувентус и Арсенал спремаат трампа

Јувентус е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Габриел и е спремен да му понуди трампа на лондонскиот клуб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


24-годишниот бразилски дефанзивец одигра одлична сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

„Тутоспорт“ пренесува дека интересот на Јувентус за Габриел е сериозен и „бјанконерите“ се спремни да го вклучат Артур во потенцијалната зделка со Арсенал.

Приоритет на „старата дама“ ова лето ќе биде доведување на врвен дефанзивец бидејќи Киелини заминува, а најголема желба на Алегри е токму Габриел.

Арсенал уште во јануари беше заинтересиран за Артур и поради тоа би можела да ја прифати понудата на Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…