Дома Фудбал Италија Три ѕвезди на Милан наскоро ставаат потпис

Три ѕвезди на Милан наскоро ставаат потпис

Милан го има еден од најмладите тимови во Европа, мисијата на клубот е што побрзо да обезбедат нови договори за најважните фудбалери на тимот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Газета дело Спорт“ пренесува дека преговорите се во напредна фаза со Тео Хернандес, Рафаел Леао и Исмаил Бенасер.

Тројцата фудбалери имаат договори со „росонерите“ до 2024 година, но Милан сака да ја продолжи соработката и да им даде зголемување на платата.

Се очекува тројцата наредниот месец да стават потписи на договори до 2026 година. Тео Хернандес со новиот договор ќе заработува 4 милиони, додека Леао и Бенасер по 3,5 милиони евра.

Платите на тројцата за пет години со вклучени бонуси и даноци ќе го чинат Милан точно 80 милиони евра.

Претходно потписи на нови договорија ставија Салемакерс, Калабрија и Матео Габија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бившиот соиграч го оцрни Роналдо: „Треба да се…”

Португалија во првото коло од Светското првенство израмни со Конго (1:1) и доби жестоки кр…