Дома Македонски спорт Станојковски и Младенова победници на сениорските турнири ТОП 8 во пинг понг

Станојковски и Младенова победници на сениорските турнири ТОП 8 во пинг понг

Ден после одржувањето на Др/авното првенство за сениори, поради скратениот календар на пинг понгарската федерација се одржа ТОП 8 турнирот на кој учествуваат најдобриете осум играчи од ранг листата за сениори.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


 Во конкуренција на сениори Кристијан Станојковски уште еднаш докажа дека нема конкуренција во Македонија, и уверливо со шест победи од шест натпревари супериорно го освои првото место.На ТОП 8 турнирот еден натпреварувач го откажа своето учество.

Пласман ТОП 8 Сениори:

1 КРИСТИЈАН СТАНОЈКОВСКИ
2 САШО СМОЛИЌ
3 ФИЛИП МЛАДЕНОВСКИ
4 ЃОКО ЈОЧКОСКИ
5 ДАМЈАН СТОЈЧЕВ
6 ПЕТАР КОСТОВСКИ
7 ХРИСТИЈАН ЈОВАНОВ

Кај сениорките државната првенка Амелија Уце не успеа да ја потврди доминацијата, свој ден на ТОП 8 турнирот имаше Билјана која со максимален учинок го освои првото место. Победата на ТОП 8 за Младенова значи и пробивање на второто место на ранг листата.

Пласман ТОП 8 Сениорки:

1 БИЛЈАНА МЛАДЕНОВА
2 АМЕЛИЈА УЦЕ
3 АНА СТОЈАНОВСКА
4 ИВА ДИМИТРИЕВСКА
5 ДИЈАНА РИСТОВСКА
6 СОФИЈА ХАСАНУ
7 ВАСЕ БОГОЕВСКА
8 ЕМИЛИЈА МАРКОВСКА

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …