Maнчестер Јунајтед не изгледа баш најдобро на стартот на оваа сезона под водство на Солскјер.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Солскјер го наследи Мурињо на клупата во декември минатата година и после фантастичниот старт кој го имаше на „Олд Трафорд“ доби долгогодишен договр. Сепак, работите за него потоа тргнаа во надолна линија.
Јунајтед се уште е во процес на враќање на старите победнички патеки, меѓутоа не изгледа дека „ѓаволите“ се блиску.
Во интервју за „Скај Спорт“ Солскјер побара трпение.
„Не е исто како минатата години, желбата и мотивот се тука. Важно е да изградиме нова култара и да се сплотиме како тим. Дали ќе биде тешко? Никогаш не кажав дека брзо и лесно ќе се реши се. Одиме чекор по чекор. И Рим не беше изграден за еден ден. Потребно ни е време, момците се посветени. Верувам дека ќе продолжиме да напредуваме“, изјави Солскјер.