Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер призна дека во јануари сака да донесе напаѓач на „Олд Трафорд“.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Слабиот старт на сезоната ќе ги натера „ѓаволите“ да бидат активни на трансфер пазарот оваа зима, а не е тешко да се заклучи дека им е потребен напаѓач после заминувањето на Лукаку и Санчез.
„Им дозволивме на Ромелу и Алексис да си заминат, не треба да бидете научник за да сфатите дека следниот пат ќе ангажираме напаѓач“, истакна Солскјер.
„Бараме креативност и голови, но новите играчи треба да одговараат на нашата филозофија. И во летниот преоден рок имаше слободни напаѓачи, но не такви какви што сакавме. Нема смислам да купуваш играчи ако не си 100% сигурен во нив“, додаде Норвежанецот.