Дома Фудбал Англија Сити ослабен во празничното лудило: Двајца играчи на „граѓаните“ позитивни на Ковид-19

Сити ослабен во празничното лудило: Двајца играчи на „граѓаните“ позитивни на Ковид-19

Maнчестер Сити ќе биде ославен во текот на празничното лудило во кое ќе одиграат четири натпревари во 11 дена, мала е веројатноста Гвардиола за овие некој од овие натпревари да смета на Габриел Хесус и Кајл Вокер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Напаѓачот и десниот бек се позитивни на Ковид-19 поради што ќе мораат веднаш да одат во изолација.

Жесус во досегашниот дел од сезоната одигра 11 натпревари и постигна четири гола. Најреално тој да биде заменет од Феран Торес кој таа улога ја извршува од кога дојде од Валенсија.

Кога во прашање е Вокер, тој во последните недели во главно е резрва на Жоао Кансело и неговото отсуство не би требало толку многу да се почувствува.

„Граѓаните“ утре играат против Њукасл, во понеделник Евертон, потоа Челзи во првенството на 3. јануари и три дена подоцна градското дерби со Јунајтед во рамките од Лига Купот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Срушен е рекорд: Челси го претстави најскапото засилување во историјата на Премиер лигата!

Англискиот репрезентативец Морган Роџерс официјално стана нов играч на Челзи. Овој 23-годи…