Дома Фудбал Италија Серија А: Очај за Милан, минималец за Наполи, Пиатек му побегна на Роналдо

Серија А: Очај за Милан, минималец за Наполи, Пиатек му побегна на Роналдо

Денес од 15:00 часот беа одиграни шест натпревари во италијанската Серија А.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Фиорентина првата победа на гостувањата оваа сезона ја оствари на „Сан Сиро“ против Милан кој го совлада со 0:1 во рамките од 17-то коло во Серија А.

Милан без Кеси и Бакајоко ја пречека Фиорентина, се надеваа домаќините дека на некој начин сепак можат да стигнат до победата и да се добложат до Лигата на шампионите, но доживеаа ново разочарување.

Милан изгледаше немоќно, а гостите од Фиренца преку Киеза стигнаа до предност во 73-тата минута, па до крајот го задржаа тоа водство.

https://youtu.be/WeKKCyFG3DE

Наполи со голот на Раул Албиол го совлада СПАЛ и се доближи на лидерот Јувентус на пет бодови. „Старата дама“ вечерва од 20:30 часот го игра дербито против Рома.

https://youtu.be/M4gOXNkJ1es

Пиатек постигна два гола во победата на Џенова над Аталанта и сега е прв стрелец во Серија А со 14 погодоци, три повеќе од Роналдо.

 

Останати резултати:

Милан – Фиорентина 0:1

Емполи – Сампдорија 2:4

Џенова – Аталанта 3:1

Наполи – СПАЛ 1:0

Сасуоло – Торино 1:1

Удинезе – Фросиноне 1:1

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Португалија го гази Узбекистан: Шоу на Роналдо за голем подвиг на Мундијалите! (Видео)

Португалија има 3-0 против Узбекистан, а главен на теренот е Кристијано Роналдо кој постиг…