Дома Фудбал Останато Роналдо ја објасни разликата помеѓу него и Меси

Роналдо ја објасни разликата помеѓу него и Меси

Наредниот викенд нас не очекува стартот на почетокот на Примера, а титулата ќе ја брани Барселона предводена од Меси кој втора сезона нема да биде во исто првенство со Роналдо.

Роналдо минатото лето се одлучи да ја напушти Шпанија и да се пресели во Италија во редовите на Јувентус. Португалецот првиот натпревар со Јувентус во новата сезона ќе го игра против Парма за десетина дена.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во исто време се завршува снимањето за документарецот „Тhe making of“ кој се занимава со кариерите на три личности кои се и тоа како важни во денешниот фудбал – Кристиано Роналдо, Жозе Мурињо и Нејмар.

Роналдо во овој документарец доби прашање да ја објасни разликата помеѓу него и Меси.

„Разликата е што јас играв во различни тимови и ја освојував Лигата на шампионите со тие тимови. Бев најдобар стрелец во ЛШ шест сезони во низа. Не постојат многу играчи со пет титули и поради тоа се идентификувам со ова натпреварување“.

„Меси е одличен фудбалер кој нема да остане запаметен само поради тоа што освои пет Златни топки, туку и поради тоа што секогаш е во врвот, како и јас“, изјави Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барселона има две главни мети за летниот преоден рок

Во Барселона по неуспешната сезона размислуваат за засилувањата за следната сезона и веќе …