Предраг Самарџиски, поранешниот македонски репрезентативец се врати на кошарката после една година пауза во која немаше клуб поради пандемијата со коронавирусот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
34 годишниот Самарџиски ќе игра во турскиот второлигаш Јени Мамак.
Овој тим е релативно непознат за македонската спортска јавност и доаѓа од предградието на Анкара во овој момент е на осмата позиција во втората турска лига со скор 12:10. Тоа е последното место кое води во плеј-офот за пласман во повисок ранг.
Самарџински сезонава нема настап, а во минатата одигра 18 за Самсунспор, кој е клуб исто така од втората турска лига.