Дома Македонски спорт Нов голем скок и најдобар ранкинг за Калин – напредуваше за 39 позиции!

Нов голем скок и најдобар ранкинг за Калин – напредуваше за 39 позиции!

Maкедонскиот најдобар тенисер, Калин Ивановски има нов највисок ранкинг на АТП листата.

Ивановски од денеска е на 331. позиција и напредуваше 39 позиции. Скокот на Калин се должи на освоените 24 бода со настапот на челинџер турнирот во Јаши, Романија каде што играше во четвртфиналето.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Од останатите македонски тенисер Горзад Србљак е на 1.132 место и Обрад Марковски се наоѓа на 1.227 позиција.

На врвот нема промени. Карлос Алкараз со освоениот Вимблдон ја задржа првата позиција пред Новак Ѓоковиќ од кого има 900 бода повеќе.

Лина Ѓорческа во женска конкуренција напредуваше за 25 места и сега е на 224. позиција, а Магдалена Стоилковска е рангирана како 1.367. тенисерка во светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…