Дома Фудбал Јамал денеска испиша историја во Ла Лига – постави нов рекорд!

Јамал денеска испиша историја во Ла Лига – постави нов рекорд!

Фудбалерите на Барселона го совладаа Виљареал на „Камп Ноу“ со резултат 4:1 во дербито на 26. коло од шпанската Ла Лига.

Актуелниот шампион сега води на табелата со 64 поени, четири повеќе од Реал Мадрид, кој во понеделник се соочува со Хетафе и е под притисок.

Виљареал остана на третата позиција со 51 поен, но вечерва Атлетико Мадрид би можел да го достигне ако победи во Овиедо.

Јамал блесна со три гола за победничкиот тим, а во завршницата се запиша и Роберт Левандовски, додека за гостите погодок постигна Папе Геј.

За Јамал ова е прв хет-трик во Ла Лига, а со својот подвиг на 18 години стана најмладиот играч кој постигнал три гола во шпанскиот шампионат од 1934 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челси неочекувано продаде напаѓач на ривалот за 70 милиони евра

Лондонски Челси одлучи да го продаде својот напаѓач, а тој кариерата најверојатно ќе ја пр…