Дома Фудбал Проблеми за Јунајтед: Аморим би можел да го чини 15,9 милиони фунти

Проблеми за Јунајтед: Аморим би можел да го чини 15,9 милиони фунти

Трошоците на Манчестер Јунајтед за отпуштање на тренерот Рубен Аморим би можеле да достигнат 15,9 милиони фунти, соопшти денеска клубот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Аморим беше сменет од позицијата тренер на 5 јануари, по само 14 месеци на таа функција, а тоа следеше кратко по неговите провокативни коментари за неговата положба во хиерархијата на Јунајтед.

Како што е наведено во финансискиот извештај на клубот, 6,3 милиони фунти се однесуваат на ангажирањето на Аморим од Спортинг во ноември 2024 година.

Сумата од 15,9 милиони фунти претставува потенцијален максимален долг на Јунајтед кон Аморим и неговиот стручен штаб.

Во поднесениот документ не е прецизирано, но медиумските извештаи укажуваат дека конечната сума вклучува фактори како тоа дали и кога Аморим ќе најде нова работа.

Аморим на клупата на тимот од “Олд Трафорд” го наследи Мајкл Керик и Јунајтед од тогаш забележително напредува и се наоѓа на четвртото место на табелата на Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Катастрофа за Слот: Уште еден фудбалер си заминува бесплатно од Ливерпул

Ибрахима Конате ќе го напушти Ливерпул како слободен играч кога на договорот ќе му истече …