Дома Фудбал Пеп Гвардиола од лето ќе има нов клуб?

Пеп Гвардиола од лето ќе има нов клуб?

Се почесто се поврзува Пеп Гвардиола со заминување од Манчестер Сити, а разделувањето може да се случи на крајот од оваа сезона. Познатиот стратег веќе има сериозна понуда, и го повикува тимот чии дрес некогаш го носеше – катарскиот Ал-Ахли.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Еден од најголемите тренери на сите времиња, Пеп Гвардиола, веројатно ќе го напушти Манчестер Сити по 10 години. Иако има договор до летото 2027. година, големи се шансите 55-годишниот на крајот од оваа сезона да замине од клубот кој му донесе најголеми успеси во историјата.

По 21 година, Пеп би можел да се врати во Катар. Го повикува Ал-Ахли од Доха, тимот во кој помина две години како фудбалер.

Англиските медиуми пишуваат дека Ал-Ахли е спремен да издвојува огромни средства за да го доведе Гвардиола. Овој тим има големи планови за иднината и со Пеп сакаат да тргнат по титулата првак, прва во историјата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пеп ги шокирал Италијанците во само 60 секунди!

Големите планови на Паоло Малдини и Леонардо нема да се остварат, откако ќе мораат да бара…