На денешнто рангирање на АТП листата македонските тенисери имаат промена во рангот.
Овој период е активен на терените најдобриот македонски играч Калин Ивановски, кој има пад од 4 места и се наоѓа на 370.та позиција со 131 поен, како и претходната недела. Горазд Србљак со поеноот освоен во Куршумлијска Бања има напредок од 24 места и со 9 поени се наоѓа на 1093.то место, додека Обрад Марковски има пад за 14 места (1227.место) со шест поени.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во конкуренција на двојки сите ги имаат поените од претходното рангирање и пад од 9 до 25 места. Ивановски е на 592.то место со 86 поени, Марковски е 1007.ми со 32 поена, додека Берк Бугариќ е рангиран на 1228.то место со 16 поени. Србљак се наоѓа на 1.474.то место со 11 поени.
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со 295 поени, колку што имаш и претходната недела има две места послаб ранг и сега се наоѓа на 249-то место на ВТА листата.
Магдалена Стоилковска пак со 3 поени е рангирана на 1359-то место (пад за 15 места).
Следната промена на АТП листата ќе биде на 17.јули по завршувањето на Вимблдон