Дома Македонски спорт Мал пад на Калин на АТП листата

Мал пад на Калин на АТП листата

Тројца македонски тенисери и оваа недела имаат поединечен ранг на АТП листата  и додека Калин Ивановски и Горазд Србљак имаат ист број поени, со мал пад на листата, Обрад Марковски кој има два поена помалку од минатата недела (сега има 4) има пад за 169 места и се наоѓа на 1328.то место.

Ивановски со 160 поени е рангиран на 330.то место (пад две места), а Горазд Србљак со 9 поени има пад за осум позиции и се наоѓа на 1100.то место.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во конкуренција на двојки само Ивановски има скок од четири места и со 79 поени е рангиран на 631.то место. Марковски и на ова рангирање има пад од 81.место и со 21 поени или четири помалку од претходната недела е рангиран на 1219.то место. Берг Бугариќ има 16 поени и се наоѓа на 1339.то место (пад за 9 позиции), додека Елдин Хусеиновиќ со 3 поени е рангиран на 2048.то место (пад од 13 позиции).

Од македонските тенисери оваа недела настап ќе имаат Горазд Србљак на фјучрсот во Златибор и Шендрит Деари во Пазарџик. Двата турнира се играат за награден фонд од 25.000 долари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Миовски пресреќен: Наградите се доказ дека се правам од срце

Maкедонскиот напаѓач Бојан Миовски зад себе има одлична сезона во дресот на Абердин, клубо…