Дома Фудбал Вардар и Струга ремизираа во дербито и ја израдуваа Шкендија! (Видео)

Вардар и Струга ремизираа во дербито и ја израдуваа Шкендија! (Видео)

Дербито на колото помеѓу Струга и Вардар заврши без победник и со по еден гол на двете страни 1-1.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Натпреварот донесе израмнета борба и по неколку закани на двете страни, но Вардар прв го зададе ударот. По една ситуација пред голот на Талески, кога беше досуден офсајд, скопјани во 13. минута казнија на спротивната страна.

По прецизно изведен корнер, највисоко скокна Матиќ, кој умешно се ослободи од одбраната и со удар со глава ја затресе мрежата. Тоа се покажа како единствениот погодок во првото полувреме, па „црвено-црните“ заминаа на пауза со минимална предност.

Во продолжението, Струга ја презеде иницијативата, додека Вардар се повлече и како да чекаше прилика од контра напади. Притисокот на домашните вроди со плод десетина минути пред крајот. По слободен удар, во мешаницата во шеснаесетникот најснаодлив беше Малески, кој погоди за израмнување.

Овој нерешен исход може најмногу да ѝ одговара на Шкендија, која од втората позиција добива шанса да се доближи на само три бода до Вардар, но и да создаде предност од пет бодови во однос на Струга.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Каков хаос: Испаднаа од СП, па го обвинија докторот на фудбалерите дека бил гинеколог!

Поразот на Сенегал во осминафиналето на Светското првенство од Белгија (3:2 по дополнителн…