Дома Останати Кошарка Вакво нешто досега не сме виделе: НБА натпревар беше прекинат од неподнослива бучава (Видео)

Вакво нешто досега не сме виделе: НБА натпревар беше прекинат од неподнослива бучава (Видео)

Екипите на Детроит и Кливленд беа принудени да го одложат натпреварот 18 минути во третата четвртина, поради силната сирена која се огласила поради електричен дефект на семаформот над теренот.

За време на тајм-аутот, при водство на Пистонс од 65:64, сирената што обично означува враќање на екипите на теренот остана заглавена.

Играчите се вратија на клупите и чекаа на инструкциите дали да продолжат со игра. По 13 минути, персоналот го исклучи главниот семафор, и дури тогаш сирената престана.

Прекинот беше придружен со радосни извици од публиката. Кога натпреварот продолжи, се користеше рачна сирена за сигнализирање.

Судиите ги собраа тренерите за брзи консултации на центарот на теренот, и беше објавено дека играта ќе продолжи без главниот семафор. Сепак, по кратко време семафорот проработи повторно.

Фановите, видливи на снимките, се обидуваа да си ги покриваат ушите за да се заштитат од неподносливата бучава.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

EСПН: Јокиќ е најдобар во НБА!

Експертите од ЕСПН составија листа на играчи за кои веруваат дека ќе бидат најдобри во пре…