
Фудбалската репрезентација на Англија би можела да замине на Светското првенство без најголемата ѕвезда во составот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Џуд Белингем, талентот на Реал Мадрид, моментално се наоѓа надвор од игра поради повреда. Меѓутоа, изгледа дека тоа не е најголемиот предизвик со кој се соочува.
Според извештаите на британските медиуми, селекторот Тухел сериозно размислува да не го вклучи овој фантастичен среден играч во тимот, поради честите повреди, како и поради слаба форма.
Германецот претходно истакна дека на Светскиот шампионат ќе патуваат само оние играчи кои се 100 проценти подготвени.
Тухел и Белингем веќе имаа несогласување за време на натпреварот меѓу Англија и Албанија, кога Белингем протестирал по неговата замена. Германскиот тренер му даде до знаење дека не му требаат играчи кои „прават драма“.