Дома Бокс Усик ја брани титулата во борба која никој не ја очекуваше, боксерскиот свет е во неверување

Усик ја брани титулата во борба која никој не ја очекуваше, боксерскиот свет е во неверување

Украинскиот боксер Александар Усик ќе ја брани титулата на светскиот шампион во тешка категорија на ВБЦ против Рико Верхувен, а мечот ќе се одржи на една од најпознатите локации на планетата – пред пирамидите во Гиза.

Оваа вест вечерва ја потврдија Турки Алашик и Ring Magazine, најавувајќи дека борбата за ВБЦ-појасот ќе се одржи на 23 мај.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Спектаклот го носи називот „Слава на Гиза: Непоразени Икони“ и ги обединува двајцата борци кои со години не знаат што значи пораз во нивните спортови.

Непоразениот украински боксер ќе се соочи со Верхувен, кој повеќе од деценија доминирал во кикбоксингот.

Холанѓанецот настапуваше во тешка категорија на организацијата „Глори“ каде што стана најдолговечниот шампион во историјата.

Официјално ја напушти титулата во ноември 2025 година, а последниот меч го одигра во јуни минатата година, победувајќи го Артем Вахитов со едногласна одлука на судиите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Бокс

Проверете

Фјури и Џошуа се „закачија“: Те тепав кога бевме деца, ќе те тепам повторно (Видео)

Тајсон Фјури и Ентони Џошуа жестоко распалија по победата на британскиот боксер над Арслан…