Дома Фудбал Лига на шампиони Нагелсман: Имам план како да го запрам Сити

Нагелсман: Имам план како да го запрам Сити

Тренерот на Хофенхајм, Јулијан Нагелсман изјави дека има идеја како да го запре Манчестер Сити во дуелот од Лигата на шампиони.

31-годишниот Нагелсман, кој е најмлад тренер во историјата на ЛШ, добро го познава Пеп Гвардиола од времето кога каталонскиот стратег го предводеше Баерн Минхен.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Ќе ни биде исклучително тешко да победиме таков клуб каков што е Манчестер Сити. Притоа, не сум сигурен дека е предност тоа што го познавам Гвардиола. Во секој случај ние ќе играме за победа која ќе ни биде од големо значење. Мислам дека имам план како да стигнеме да победата, иако сум сигурен дека Сити доаѓа тука по трите бода“, изјави Нагелсман.

Хофенхајм во првиот меч ремизираше со Шахтјор, додека Манчестер Сити доживеа изненадувачки пораз од Лион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…