Дома Македонски спорт Мирчевски стрелец во победата на Бачка Топола

Мирчевски стрелец во победата на Бачка Топола

Maкедонскиот интернационалец кој во јануарскиот преоден рок направи трансфер во Бачка Топола постигна гол во српската Суперлига против Чукарички.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Поранешниот напаѓач на Академија Пандев ја искористи шансата во која за првпат играше како стартер и го отвори резултатот после нешто повеќе од половина час игра. Голот на Мирчевски беше и единствен во првото полувреме додека во второто беа постигнати уште четири.

Победата тимот на Мирчевски ја обезбеди со гол во 93. минута за 2:3. Мирчевски на теренот ги помина сите 90 минути. Треба да се спомене и дека Мирчевски својот деби гол во новиот дрес го постигна токму на теренот на Чукарички пред нешто повеќе од еден месец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …