Дома Трансфер зона Милан тргнува по Шнедерлин

Милан тргнува по Шнедерлин

После повредата на Монтоливо главен приоритет на Милан во зимскиот преоден рок ќе биде доведување на квалитетен играч за врска.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан покажува сериозен интерес за играчот на Манчестер Јунајтед, Морган Шнедерлин.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот репрезентативец е во немиост на Жозе Мурињо и оваа сезона воопшто не добива минутажа, па и самиот сака да ја промени средината.

„Росонерите“ сакаат да ја искористат таквата ситуација и наскоро ќе започнат преговори со Јунајтед за позајмица до крајот на сезоната со право на откуп следното лето.

Милан секако сакаше да доведе еден креативен играч за врска во јануари, но сега со повредата на Монтоливо најверојатно ќе пристигнат две засилувања во средниот ред.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш. 26-г…