Лионел Меси ја има најголемата плата од сите фудбалери во светот, според изворите на шпанските медиуми станува збор за износ од 138 милиони евра бруто, што нешто повеќе од 80 милиони евра нето износ.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Сега „Ел Периодико“ пренесува информации за неговиот платен данок. Меси од почетокот на неговиот тековен договор кој завршува на крајот на оваа сезона, а беше потпишан во 2017 година платил 370 милиони евра данок.
Најголем дел од сумата (275) милиони евра е данок на доход. Во овој износ се вклучени и данок на имот, данок на богатство, но и на други добивки од делот на маркетингот.
Договорот на Меси истекува на крајот на оваа сезона. „Трансфермаркт“ проценува дека неговата моментална вредност е околу 80 милиони евра. Во изминатиот период неговиот договор беше една од главните теми во шпанските медиуми.