Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед спреми изненадувачка понуда за ѕвезда на Ливерпул

Манчестер Јунајтед спреми изненадувачка понуда за ѕвезда на Ливерпул

Манчестер Јунајтед на големо изненадување спрема понуда за играчот за врска на Ливерпул, Алекс Окслејд-Чемберлејн.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


28-годишниот Англичанец има статус на резерва на „Енфилд“ и „црвените“ се спремни да го продадат ова лето.

„Црвените ѓаволи“ сакаат да ја искористат таквата ситуација и да го донесат на „Олд Трафорд“, тврдат медиумите на Островот.

По 58 години, Алекс Окслејд-Чемберлен би можел да стане деветтиот играч кој ќе се реши за „невозможен“ потег и ќе се пресели од Ливерпул во Манчестер Јунајтед.

Англиските медиуми пишуваат дека „црвените ѓаволи“ нудат 10 милиони фунти за услугите на Чемберлен, па останува да видиме дали Ливерпул ќе ја прифати понудата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…