Дома Фудбал Англија Манчестер Јунајтед едвај на пенали победи третолигаш (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед едвај на пенали победи третолигаш (ВИДЕО)

Вечерва беа одиграни осум натпревари во 1/16 финалето од англискиот Лига Куп.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


На „Олд Трафорд“ гостуваше третолигашот Рочдајл и Манчестер Јунајтед се пласираше во следната фаза дури после изведувањето пенали.

Поведе Манчестер Јунајтед преку Гринвуд во 63-тата, но 16-годишниот Метесон во 76-тата минута донесе изедначување.

Јунајтед до крајот на регуларниот дел не успеа да постигне гол, па се пристапи кон изведување на пенали. Трагичар за Рочдајл беше Кеохане кој беше единствениот кој промаши. Јунајтед ја доби пенал серијата со 5:3.

Вест Хем се посрамоти и беше поразен кај Оксфорд со дури 4:0.

Oстанати резултати:

Брајтон – Астон Вила 1:3

Буртон – Бурнемоут 2:0

Челзи – Гримсбу 7:1

Милтон Кејс – Ливерпул 0:2

Вулвс – Рединг 1:1 (2:1 после пенали)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Арбелоа: Јас сум виновен за тепачката меѓу Чуамени и Валверде

Алваро Арбелоа изјави дека ја презема одговорноста за инцидентот меѓу соиграчите Федерико …